Габер

Габер (науч. Carpinus) — род релативно мало дрво од семејството брези (Betulaceae). Опфаќа 30–40 вида, застапени во северните умерени подрачја. Најмногу видови има во источна Азија, особено Кина. Во Европа виреат само два вида, а во Северна Америка само еден.

Во Македонија

Во Македонија се присутни обичниот габер, наречен и сабука или воденика (C.betulus), белиот габер (C. orientalis) и црниот габер (Ostrya carpinifolia), кој впрочем припаѓа на родот хмељогабер (Ostrya).[1] Од нив, природно е застапен само црниот.

Опис

Листовите се листопадни, наизменични и прости, со назабени рабови и долги од 3 до 10 см. Цветовите излегуваат напролет и имаат облик на виснати реси. Машките и женските се засебни, но растат на истото дрво (еднодомност). Плодот е мало оревче, долг 3–6 мм и сместен во прицветник (плодна лушпа). Прицветникот е малку несиметричен, со триделен или просто овален облик. Несиметричноста му овозможува да се врти додека патува со ветерот и така да стигне подалеку. Обликот на крилцата е пресуден во распознавањето на видовите. Секоја реса има по 10 до 30 семчиња.

Употреба

Габерот има многу тврдо дрво. Сушените талпи од срцевината имаат речиси бела боја, погодна за внатрешно уредување. Ретко се користи за столарија, бидејќи тешко се обработува. Од друга страна, токму поради цврстината, од габрово дрво се прават даски за сечење, рачки за алат, дна за рачни стругови, тркала за кочии, механизми за пијано. Во минатото од ова дрво се правеле запци за запченици во ветерниците. Денес од него се прават и паркети и шаховски фигури.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D1%80

Габер was last modified: June 29th, 2020 by Jovan Stosic

Leave a Reply