Печуркарски календар

Ова е календар за собирање на јадливи печурки во Македонија според ЈП „Македонски шуми“. Укажани се народните и научните имиња, како и времето и начинот на нивно собирање.

Слика Народно име Научно име Делови коисе собираат Времена собирање Начинна собирање
  бела тополка Agrocybe cylindracea плодно тело цела година ножици и нож
  буковка Pleurotus ostreatus плодно тело јуни – септември нож
  булка, јајчарка, царска печурка Amanita caesarea плодно тело јули – октомври рачно
  волчјо лепче, зрнеста масловка Suillus granulatus плодно тело јуни – ноември рачно
  голем шампињон Agaricus macrosporus плодно тело јули – ноември рачно
  жолто еже Hydnum repandum плодно тело август – ноември рачно
  зимска пенушарка Flammulina velutipes шапка цела зима нож
  конусна смрчка Morchella conica плодно тело март – мај рачно
  летен вргањ Boletus edulis плодно тело јуни – ноември рачно
  лисичарка Cantharellus cibarius плодно тело јуни – ноември рачно
  меденка, фосфорна печурка Armillaria mellea плодно тело август – ноември ножици и нож
  оловносива пувка Bovista plumbea плодно тело јуни – ноември рачно
  полски шампињон, полска печурка Agaricus campestris плодно тело јули – ноември рачно
  рујница, портокалова млечка Lactarius deliciosus плодно тело јуни – ноември рачно
  самовилско каранфилче Marasmius oreades шапка мај – ноември ножици и нож
  смрчина рујница Lactarius deterrimus плодно тело есен рачно
  смрчка Morchella esculenta плодно тело март – мај рачно
  сончарка, срнска печурка Macrolepiota procera шапка јули – ноември ножици и нож
  црвенкасто еже Hydnum rufescens плодно тело август – ноември рачно
  црна труба Craterellus cornucopioides плодно тело август – ноември ножици и нож
Забелешки
рачно = печурката се собира со завртување на дршката и шапката, и внимателно извлекување за да не се оштети мицелиумот во почвата
ножици и нож = печурката се собира со сечење на горниот дел од дршката или под шапката

 

 

Source: Корисник:Bjankuloski06/Печуркарски календар — Википедија

Печуркарски календар was last modified: September 13th, 2018 by Jovan Stosic

Leave a Reply